Кабинетот на Претседателот дел од акцијата за чистење „Не биди ѓубре“

14 декември 2019 | Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија на 14 декември 2019 година се приклучи кон акцијата за чистење со која јавната администрација го одработуваше 2 јануари 2019 година.

Покрај оваа акција, Претседателот и неговиот кабинет имаат преземено и други активности за заштита на животната средина.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ја поддржа граѓанската кампања „Не игнорирај, реагирај! “ која има за цел да ја подигне јавната свест и да едуцира за потребата на заштита на животната средина.

Претседателот Пендаровски имаше средба со претставници на здружени граѓански организации и инцијативи и изрази подготвеност да ги поддржи сите граѓански иницијативи кои се во насока на зајакнување на заштитата на животната средина.

На седницата на Советот за безбедност која ќе се одржи во декември 2019 година за првпат заштитата на животната средина ќе биде ставена како точка на дневен ред, а на седницата ќе бидат поканети претставници на граѓанските организации. Претседателот ја врати Стратегијата за одбрана во постапка со цел во истата да бидат вклучени точки и мерки за еколошка безбедност. Тој исто така дава поддршка на идејата за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина со цел да се приближи кон просекот на земјите-членки на ЕУ, поддршка за создавање на национален фонд за заштита на животната средина, како и во рамки на процесот на образовните реформи да се вметне задолжителен број на часови со цел едукација, за учениците во основните и средните училишта да добијат образование за заштита на животната средина.

Кабинетот на претседателот исто така се приклучи на кампањата за заштита на балканскиот рис и ги поддржува акциите за пошумување во различни региони од земјата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...