Лидерска средба кај претседателот Пендаровски: Заеднички консензус за одложување на изборите

17 март 2020 | Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се одржа лидерска средба на која присуствуваа претседатели и претставници нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, како и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

На средбата од СДСМ присуствуваа Зоран Заев и Љупчо Николовски, од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова, од ДУИ Бујар Османи и Изет Меџити, од Алијанса за Албанците, Зиадин Села и Арбен Таравари,  од Алтернатива, Африм Гаши и Скендер Реџепи, од Движење Беса, Билал Касами и Арјанит Хоџа и од ДПА, Орхан Ибрахими и Фрумзим Даути.

На средбата се постигна консензус дека предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот COVID-19 треба да се одложат.

Присутните го овластија претседателот Стево Пендаровски веднаш да свика состанок со истакнати правни експерти за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите. Средбата ќе се одржи денеска во 16 часот во Вила Водно, а ќе присуствуваат професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...