Одбележување на Ханука – споделуваме светлина во спомен на 7.144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот

17 декември 2020 | Соопштенија

 Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, заедно со учениците од ПОУ„Иднина“и ПОУ „Златен Сремац“ од Скопје, коишто се дел од проектот „1000 Менори“, ги запалија осумте свеќи на менорите, во спомен на 7144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот.

„Сакаме да ја потврдиме нашата цврста верба дека животот на секој човек е бесценет и дека етничката и верска различност го прави животот на македонското општество побогат“, порача претседателот Пендаровски честитајќи го празникот Ханука.

Претседателот Пендаровски денеска ја запали и последната свеќа на ханукијата, специјално изработен свеќник од бронза од страна на Мети Грунберг, светски познат уметник од Израел роден во Скопје за време на војната.

Учениците и претседателот Пендаровски, преку заедничка онлајн платформа се вклучија и во глобалното одбележување на Ханука, каде во спомен на жртвите од Холокаустот запали свеќа и генералниот директор на Еврејската заедница, Исак Херцог.

„Една од важните поуки од Ханука е дека надежта победува сè. Така е и со надежта во тешките времиња. Кога мислиме дека немаме доволно, ќе бидеме изненадени од солидарната помош. Затоа, во тешки економски услови предизвикани од пандемијата на КОВИД-19, ние сме благодарни за поддршката којашто Државата Израел ја дава на три училишта. Ова е влог во нашите напори да создадеме праведно и инклузивно општество во коешто ќе има место за секого“, додаде претседателот Пендаровски во својата порака.

На одбележувањето на овој празник на светлината денеска присуствуваа и почесниот конзул на Израел, Градимир Шумковски, претставници на здружението „Акта Нон Верба“, а преку видео врска се вклучи и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Целта на проектот „1000 Менори“ е да даде поддршка на училиштата за деца со попреченост и одбележување на празникот Ханука преку сеќавање на Евреите од нашата земја, кои што беа депортирани во логорот Треблинка.

Во проектот, којшто е поддржан од Министерството за надворешни работи на Израел и нивната организација за меѓународна соработка МАШАВ, учествуваат три училишта од земјава коишто го негуваат образованието на децата со попреченост.

Минатиот четврток, на првиот ден на празникот Ханука, претседателот Пендаровски ги прими учениците од ПОУ „Маца Овчарова“од Велес, со коишто исто така заеднички ги запалија свеќите на менората. Во спомен на македонските Евреи, жртви на Холокаустот беа запалени 1000 менори во повеќе градови во земјава.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...