Отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

17 мај 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на изложбата „Жени во занаетчиство“ што се одржува во Кабинетот на претседателот.

Во своето обраќање пред присутните на настанот, сопругата на претседателот истакна дека е чест и инспирација да се биде денес меѓу сите овие жени занаетчики и да се види нивната уметност, креативност и вештини.

„Жената несомнено е клучен двигател на општествените процеси во сите сегменти, така што и женското претприемништво се препознава како значаен фактор за економскиот развој на земјата. Учеството на жените во бизнис активностите ги трансформира квалитетот и структурата на работната сила и општеството во целина“, истакна Ѓоргиевска додавајќи дека промоцијата на занаетчиството е фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја.

Истакнувајќи дека она што им недостасува на жените е финансиска поддршка, дополнителна едукација, како и добар маркетинг за пласирање на нивните производи на домашниот и странскиот пазар, Ѓоргиевска рече дека токму затоа, денес ја потенцираме улогата на жената занаетчика како клучен економски двигател, но и како промотор на културата.

„Од овие причини, ќе продолжиме заедно да работиме на економско заживување на овој сектор, популаризација на можностите на ова занимање и стимулирање на младите и жените да започнат сопствени бизниси, со цел економско јакнење на жените и поголема родова еднаквост во државата“, нагласи Ѓоргиевска.

На отворањето на изложбата се обратија министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската Комора, Скопје, Анета Атанасовска.

Изложбата се организира во соработка со Центарот за управување со промени, по повод Деновите на занаетчиство и е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од УСАИД и БТД.

На изложбата што ќе биде отворена од 16 до 18 мај, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат изработките на триесетина вредни и креативни жени занаетчики. Целта на овој настан е да се пренесе пораката за значењето и придонесот на жените занаетчики во одржување на традиционалните занаети, зачувување на културното богатство и поттикнување на економскиот развој на земјата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...