Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Хрватска, Тигањ

28 ноември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ. 

Притоа, претседателот Пендаровски истакна дека двете пријателски земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство. Овие вредности, како што рече претседателот Пендаровски, се клучни елементи за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на Северна Македонија и на Хрватска, како и за целиот регион. 

Изразувајќи благодарност за јасната и безрезервна поддршка којашто Хрватска ѝ ја дава на Северна Македонијапретседателот Пендаровски нагласи дека очекува нашата земја да ги започне пристапните преговори со Европската Унијатокму за време на претседавањето на Хрватска со ЕУ, во првите шест месеци од следната година.

„На тој начин ќе го потврдиме нашето пријателство и соработка, посебно во овој значаен период за нашата држава, но верувам и за регионот, како и за Европската Унија, односно процесот на проширување“, истакна претседателот Пендаровски. 

При предавањето на акредитивните писма, амбасадорката Тигањ истакна дека во согласност со политиката на Република Хрватска, таа секогаш ќе го истакнува досегашниот напредок на Северна Македонија и ќе продолжи да ги поддржува реформските процеси. Има голем потенцијал, како што рече амбасадорката Тигањ, двете пријателски земји и натаму да ги унапредуваат билатералните односи, нагласувајќи дека економијата, туризмот, како и националните малцинства на двете држави, се само дел од областите за продолжување на взаемната плодна соработка. 

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка Тигањ и посака успех во вршењето на оваа одговорна дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...