Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Белгија и на Кралството Данска

2 октомври 2020 | Соопштенија

Претседателот Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Белгија и на Кралството Данска.

На церемонијата на предавање на акредитиви од страна на Фредерик Мерис, новоименуван амбасадор на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, претседателот Пендаровски истакна дека во изминатиот период двете земји изградија блиски пријателски односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а  Кралството Белгија е  голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски и евроатлантски процеси.

Нагласувајќи дека оваа година е значајна за нашата земја, бидејќи официјално станавме 30-та земја членка на НАТО, претседателот Пендаровски рече дека во наредниот период следи уште еден значаен процес за којшто ја очекуваме и поддршката од Кралството Белгија, како една од земјите основачи на Европската Унија, до крајот на оваа година да ја одржиме Меѓувладината конференција и формално да ги започнеме пристапните преговори за полноправно членство со Унијата.

Билатералните односи се одлични и се изградени врз основа на споделени стратешки интереси, рече амбасадорот Мерис на церемонијата на предавање на акредитивните писма додавајќи дека двете земји веруваат во Алијанса заснована врз заеднички вредности и заложби.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на Сузан Шајн, новоименувана амбасадорка на Кралството Данска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, претседателот Пендаровски рече дека двете земји во континуитет градат пријателски, сојузнички и партнерски односи што резултираа со успешен развој на билатералните односи во повеќе сфери на општественото живеење.

Истакнувајќи го  значењето на поддршката од Кралството Данска за интегративните процеси во регионот, претседателот Пендаровски изрази уверување дека европската перспектива на земјава многу скоро ќе биде унапредена, прво со усвојување на преговарачката рамка, а потоа и со одржувањето на Првата меѓувладина конференција и формалното започнување на пристапните преговори.

Амбасадорката Шајн рече дека двете земји имаат солидни билатерални односи и соработка во повеќе области од заемен интерес изразувајќи надеж дека истите ќе се продлабочат и унапредат во периодот што следи.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...