Претседателот Пендаровски ги прими амбасадорите на Република Словенија и на Народна Република Кина

15 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.

Амбасадорите во име на претседателите на двете земји, му упатија искрени честитки на претседателот Пендаровски за изборот на функцијата Претседател, му посакаа успешен мандат и изразија уверување дека севкупните односи на нивните земји со Република Северна Македонија во иднина дополнително ќе се унапредуваат.На средбата со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек беа разменети мислења за актуелните политички прашања во регионот, при што беше констатирано дека напредокот на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Република Северна Македонија во најбрзо време ќе стане членка на НАТО и ќе ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ и се заблагодари за сета досегашна поддршка од Словенија на планот на евроатлантските интеграции.

На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен, претседателот Пендаровски истакна дека јакнењето на искреното партнерство со Кина останува трајна определба на нашата надворешна политика и изрази поддршка на сите конкретни иницијативи што произлегуваат од процесот на соработка меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа 16+1. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази интерес Република Северна Македонија да биде вклучена и во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од „Патот на свилата“, што отвора сериозна перспектива за нови инвестиции и јакнење на економијата на нашата земја.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...