Претседателот Пендаровски го означи почетокот на работата на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово

26 август 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Куманово го означи почетокот на работата на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), што во следните шест години ќе се наоѓа во касарната „Боро Менков“.

Откако беше извршено примопредавање на должноста командант на СЕЕБРИГ, претседателот Пендаровски, заедно со претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и претседавачот со координативниот комитет на процесот СЕДМ, Петро Кочи свечено го отвори реновираниот и опремен објект во касарната „Боро Менков“, што ќе биде седиште на Главниот штаб на бригадата до 2026 година.

Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Командата на СЕЕБРИГ, формирана во 1999 година и во која членуваат Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција. Бригадата функционира во рамки на СЕДМ – процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа.

Локацијата на командата се одредува по основ на ротација, а досегашни нејзини домаќини беа Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...