Претседателот Пендаровски го прими министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски

23 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

На средбата министерот Поповски го запозна претседателот Пендаровски со заложбите на Владата на Република Северна Македонија за целосна транспарентност и отчетност, презентирајќи му ја Алатката за јавно објавување на службени трошоци на носителите на јавни функции.

Претседателот Пендаровски ја потврди неговата определба за транспарентно и отворено работење и ја прифати поканата Претседателот на Република Северна Македонија и неговиот Кабинет да ја користат Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

Претседателот Пендаровски на средбата посочи дека Алатката за отчетност ќе започне да се применува по завршување на неопходните технички подготовки кои се очекува да завршат во последниот квартал на годинава.

Претседателот Пендаровски истакна дека користењето на Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции е во насока на поголема транспарентност на институциите пред граѓаните, како и одговорно работење.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...