Претседателот Пендаровски до директорот на Институтот во Козле: Огромна благодарност во име на сите граѓани затоа што им помагате на нашите најмили и најмали

29 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Во разговорот д-р Андоновски го информираше претседателот Пендаровски за начинот на функционирање на болницата, којашто од самиот почеток на пандемијата на вирусот КОВИД 19, е здравствената установа каде се лекуваат децата коишто се сомнителни или пак боледуваат од вирусот, како и деца со висока температура и белодробни проблеми. Односно, како што образложи д-р Андоновски, покрај редовните пациенти, во рамки на болницата функционира посебно КОВИД одделение и Институтот претставува КОВИД 2 центар.

Досега, како што посочи д-р Андоновски во разговорот, во болницата се тестирани повеќе од 50 деца. Од нив 4 биле позитивни на вирусот. Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од 4 месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов како што рече д-р Андоновски, во болницата во Козле се хоспитализирани 3 деца коишто се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Според д-р Андоновски децата коишто заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваа без никакви компликации. Ова, како што истакна д-р Андоновски, во најголема мера е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште.

Институтот за белодробни болести во Козле, според директорот Андоновски, и сега во овие вонредни околности, функционира без проблеми и има доволно медицински и немедицински кадар. Меѓу вработените досега нема лица заболени од вирусот КОВИД 19.

Претседателот Пендаровски во денешниот разговор му искажа поддршка и благодарност за досегашниот несебичен ангажман на д-р Андоновски како директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, но и на сите вработени во оваа здравствена установа.

„Најпрво Ви посакувам да останете живи и здрави сите вие персоналот во Институтот. Да помагате. Огромна благодарност во име на сите граѓани затоа што им помагате на нашите најмили и најмали. И посакувам во иднина да немате многу работа по овој основ. Имате полна поддршка Вие и целиот персонал во болницата. Навистина Ви честитам за извонредните напори во изминатите 2 месеци“, истакна претседателот Пендаровски во денешниот видео разговор со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...