Претседателот Пендаровски покровител на „2021–Година во чест на Блаже Конески“

26 февруари 2021 | Соопштенија

На иницијатива на претседателот  Стево Пендаровски,  денеска се одржа координативен состанок по повод усвојувањето на Националната програма за реализација на манифестацијата „2021-Година во чест на Блаже Конески“, чиј покровител е претседателот Пендаровски, а носители на проектот се Министерството за култура и Министерството за образование и наука.

„Современиот македонски литературен јазик е од непроценливо значење за нашата култура, книжевност и идентитет.  Затоа имаме морална должност да го чуваме наследството што ни го остави Блаже Конески како современо културно наследство и достојно да го чествуваме јубилејот на личноста која е парадигма за нашата современост, еманципација и прогресивност. Ми претставува голема чест и задоволство што сум покровител на Националната програма која ја посветуваме на великанот на македонската култура и книжевност“, истакна претседателот Пендаровски.

На онлајн состанокот учествуваше министерката за култура, Ирена Стефоска, претставници на вклучените институции, како и членови на работната група за реализација на Националната програма за одбележување на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, кои ги презентираа предвидените содржини од програмата. Претседателот Пендароски беше информиран  и за тековните проекти и преземени активности од страна на ресорните министерства во насока на реализацијата на платформата.

Националната програма „2021–Година во чест на Блаже Конески“ предвидува бројни културно-образовни содржини во текот на целата година.  Академски и научни издавачки проекти, литературни манифестации, меѓународни научни конференции, јавни конкурси за младите уметници и изложби, педагошко-информативни проекти, промоцијата на дигитално издание на толковниот речник на македонскиот јазик, се дел од активностите со кои ќе се одбележи јубилејот. Согласно Националната програма ќе биде испечатена и поштенска марка со ликот на Блаже Конески.

Одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески е запишано во календарот на значајни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, што претставува меѓународно признание за неговиот лик и творештво. На меѓународен план, со Годината во чест на Блаже Конески, Република Северна Македонија се вклучува во одбележувањето на „2021 – Меѓународна година на мирот и довербата” и „21 март – Светски ден на поезијата”, прогласени од страна на ООН.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...