Претседателот Пендаровски потпиша укази на четири системски закони и на Законот за енергетика

17 мај 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за прогласување на Закон за судовите, на Закон за управни спорови, на Закон за прекршоци и на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Станува збор за системски закони, чиишто укази за прогласување не беа потпишани од претседателот Иванов.

Претседателот Пендаровски го потпиша и указот за прогласување на Закон за енергетика.

Претседателот Пендаровски смета дека донесувањето на овие закони и нивната идна имплементација е од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

Со донесувањето на законот за судови се исполнува едно од клучните барања на Европската унија, а со цел одредување на датум за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија.

Со одредбите на Законот за судовите ќе има јасни и прецизни постапки за именување и унапредување на судии, како и за разрешување на судии и нивна  дисциплинска одговорност.

Со новиот Закон за управните спорови граѓаните добиваат ефикасна правна заштита на своите права во управните спорови. Се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките преку задолжителна јавна расправа.

Со новиот Закон за прекршоци, граѓаните ќе плаќаат пониски казни. Овој закон директно влијае на буџетот на граѓаните бидејќи истиот предвидува опомена пред казна, но и значително намалување на казните.

Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, ќе се унапреди функционирањето на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковен договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор, и ќе се овозможи унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија.

Новиот Закон за енергетика предвидува замена на фосилни горива со енергија добиена од обновливи извори. Со тоа се создава основа за решавање на едно од најгорливите прашања во нашето општество, заштита на животна средина и здравјето на луѓето.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...