Претседателот Пендаровски прими студенти од универзитетот УМЕФ од Женева

16 јануари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими група студенти од универзитетот УМЕФ од Женева, Швајцарија, кои престојуваат на студиска посета на универзитетот ФОН во Скопје.

Посакувајќи им добредојде, претседателот Пендаровски ја претстави работата на институцијата, неговите права и должности во внатрешната и надворешната политика и улогата на Претседателот во рамки на поделбата на власта во државата.

Претседателот Пендаровски пред студентите, кои доаѓаат од факултетите за економија и за политички науки и дипломатија, ја претстави поставеноста на властите во Северна Македонија, нивните главни ингеренции, како и спецификите на политичкиот систем во државата.

На средбата претседателот Пендаровски ги запозна студентите со главните стратешките цели на државата, дефинирани уште од прогласувањето на нејзината независност, а тоа се членството во Европската унија и во НАТО. Унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, истакна претседателот Пендаровски пред студентите, се исто така меѓу клучните цели на надворешната политика на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ги запозна студентите од Швајцарија со реализацијата на неколку негови проекти, меѓу кои и Отворен Кабинет, како и за заложбите за носење и реализирање соодветни програми и политики за унапредување на положбата на младите и обезбедување на перспективи во нивната сопствена држава.

Студентите го информираа претседателот Пендаровски за целта на нивната студиска посета и активностите за време на нивниот престој во Скопје.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...