Претседателот Пендаровски присуствуваше на настан по повод за завршување на изградбата на браната „Конско“

10 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на настан по повод завршување на изградбата на браната „Конско“ со придружни објекти и акумулација на реката Конско.

Претседателот ја поздрави изградбата на браната, посочувајќи дека со реализација на оваа капитална инвестиција граѓаните на општина Гевгелија ќе имаат редовно снабдување со квалитетна, чиста и здрава вода за пиење.

Со најголемата инвестиција во последните децении во гевгелискиот крај повторно се враќа фокусот и вниманието кон земјоделието и развојот на нашиот јужен регион.

На настанот се обратија поранешниот премиер на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и изведувачот на проектот Хасан Адали, коишто во придружба на главниот надзорен инженер Славчо Михајловски и одговорниот инженер на објектот Денис Вејселов, направија увид во браната Конско и акумулацијата на реката Конско и ја проследија презентацијата на системот на управување на браната со хидро-механичката и електро-опремата.

Во продолжение интегралното обраќање на претседателот Пендаровски:

Почитуван министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Почитуван поранешен премиер Ковачевски, поранешен премиер Заев, поранешен премиер Спасовски,

Почитувани претставници на изведувачот, менаџери, инженери,

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Ми претставува особено задоволство да присуствувам на денешниот настан по повод завршувањето на еден навистина значаен градителски потфат. Имено, изградбата на Браната Конско како дел од Хидромелиоративниот систем Гевгелиско поле е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделие, но, и на енергетски план, имајќи во предвид дека транспортирањето на водата за наводнување може да се користи и за производство на електрична енергија.

Со оваа нова акумулација плодниот македонски југ, гевгелиското поле ќе има можност за пристап до дополнителни сериозни количини  на вода за наводнување што е предуслов за соодветен принос на земјоделските култури. Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион.

Сведочиме дека се повеќе и повеќе имаме сушни периоди и недостаток на врнежи така што секоја капка вода за наводнување е особено драгоцена. Во оваа прилика не треба посебно да се потенцира што значи земјоделието како стопанска гранка за нашата држава. Кога во светски рамки храната постојано поскапува и има недостатоци од некои производи, од суштинско значење е да имаме стабилно и квалитетно земјоделско производство. Не смее да има изговори за нашите ниви да остануваат неизорани и непосеани. Секоја педа од оваа дарежлива македонска земја треба да се искористи. Земјоделието значи храна за нашите граѓани, но и извоз и значајни девизни приливи како еден од значајните столбови на македонската економија.

Мораме со постојан ангажман да создаваме услови нашите земјоделски производи да бидат застапени не само во регионот, туку и на европскиот и на глобалниот пазар.

Верувам дека,  како што беше и претходно потенцирано, со најголемата инвестиција во последните  децении не само во гевгелискиот крај повторно се враќа фокусот и  вниманието кон земјоделието и развојот на нашиот јужен регион. Очекувам дека вакви и слични проекти ќе следат и во останатите делови од земјата каде што недостасуваат акумулации како поддршка на земјоделското производство.

Почитувани,

Дозволете во оваа прилика да се заблагодарам на сите надлежни институции кои беа дел од процесот, почнувајќи од изработката на идејното решение, па се до реализација на проектот. Посебна благодарност до изведувачот, турскиот конзорциум од компаниите Серка и Ак Ели . Односите со нашите пријатели од Република Турција секогаш биле и се блиски и срдечни и верувам дека кога работите кај нас се чувствувате како да работите дома. Убеден сум дека и во иднина, со пријателска Турција ќе имаме квалитетна економска соработка и стратешко партнерство.

Би сакал да посакам долго и успешно користење на акумулацијата и здравје, среќа и бериќет за сите нас.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...