Претседателот Пендаровски: Самоизолацијата е најдобрата превентива против КОВИД-19

24 март 2020 | Обраќања, Соопштенија

Драги мои сограѓани,

Знам дека секој ден сте преоптоварени со информации и прес конференции за ширењето на епидемијата и потполно го разбирам вашиот страв за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ја разбирам и вашата загриженост од лошите вести и од проширувањето на рестриктивните мерки. И јас самиот ги имам слушнато не знам веќе колку пати апелите од надлежните да останеме дома и да избегнуваме физички контакти со околината. Меѓутоа, за сето тоа има голема причина.

Во изминативе 20 години имаме поминато низ многу тешки работи, но, да бидам искрен, ваков смртоносен противник, досега, не сме имале. Пред неколку дена за првпат воведовме вонредна состојба, а завчера, исто така, за прв пат, полициски час на целата територија, каде што полицијата и армијата го контролираат влезот и излезот од сите населени места.

Докторите и сестрите, војниците, полицајците и волонтерите се секојдневно на работа. Во одржувањето на стабилноста на системот огромен придонес даваат и вработените во трговијата, транспортот, услужните дејности, кои и покрај критичната состојба остануваат на своите работни места.

Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот. Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните.

Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...