Претседателот Пендаровски се обрати на средбата по повод 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик

5 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик, денеска учествуваше и се обрати на виртуелната средба „5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик, потреба од институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик”.

На средбата, претседателот Пендаровски упати честитка до ромската заедница во Северна Македонија по повод 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик, порачувајќи дека чувањето на мајчиниот јазик претставува обврска и значајна ризница за постоењето, културата и традицијата на секој народ.

Оттука, претседателот Пендаровски го истакна значењето од институционална поддршка за изучување, употреба и негување на ромскиот јазик, што истовремено е придонес во јакнење на мултиетничкото општество на Северна Македонија.

„Вашите напори како наставници и професионалци кои придонесувате кон афирмацијата на ромскиот јазик во образованието се клучни за обезбедувањето на праведен пристап до образование за сите ученици без исклучок. Ние политичарите имаме обврска да ве ислушаме и заедно со вас да предлагаме соодветни политики”, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.

Во оваа насока, претседателот Пендаровски искажа јасна поддршка на заложбите на наставниците и сите други чинители од ромската заедница, ромскиот јазик да биде задолжителен почнувајќи од прво одделение, ромската култура да биде факултатативен предмет и за децата коишто не се Роми, како и поддршка за возобновување на катедрата за ромски јазик.

Во духот на мултикултурализмот, сите заедници кои живеат во Северна Македонија потребно е да имаат простор за изразување и творење на својот мајчин јазик, посочи Пендаровски. Притоа, унапредувањето на севкупниот образовен процес на децата Роми и обезбедувањето на соодветните услови, е од клучно значење за натамошното негување на ромскиот јазик.

Пред учесниците на средбата, Претседателот порача дека водејќи се, и почитувајќи го принципот на недискриминација, еднаквост и владеење на правото, секој припадник на ромската заедница треба да ужива еднакви можности и права, како предуслов за достоинствен живот.  Во таа насока, нашата земја и натаму, преку суштински заложби ќе придонесува во унапредувањето на квалитетот на животот на Ромите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...