Претставници од училиштето за странски јазици “Kliti School” од Косово во посета на Кабинетот на претседателот

19 ноември 2023 | Соопштенија

Во рамки на активноста Отворен кабинет денешни посетители на Кабинетот на претседателот беа ученици, наставен и раководен кадар од училиштето за странски јазици “Kliti School” од Косово.

За време на разгледувањето на просториите на Кабинетот во коишто се реализираат официјалните и работните средби, вработените во Кабинетот ги запознаа денешните гости со историјатот на објектот и начинот на функционирање на институцијата. Во Мозаик салата посетителите  го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ – дело на современиот уметник, академик Глигор Чемерски.

Посетителите имаа можност да се сретнат и поразговараат со претседателот Стево Пендаровски при што се запознаа со надлежностите и работата на претседателот. Тие го информираа претседателот за активностите и наставата на курсевите по странски јазици, како и за дополнителните часови за основно образование кои се одвиваат во ова училиште за странски јазици.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...