Промовиран прирачникот „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“ во Кабинетот на Претседателот

14 јули 2021 | Aктивности, Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска беше промовиран двојазичен прирачник  за семејства на деца со аутистичен спектар на нарушување  „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“.

Прирачникот е резултат на долгогодишна посветена работа на авторите доц. д-р Стојан Бајрактаров, доц. д-р Насер Дурмиши, д-р сци Силвана Филипова и Билјана Крстевска-Кокорманова, а негови рецензенти се доц. д-р Ана Попоска, м-р Василка Галевска – Јовчевски и м-р Дита Торте – Чиче.

Организатори на промоцијата на прирачникот се ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со поддршка на сопругата на претседателот,  Елизабета Ѓоргиевска.

Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот истакна дека овој прирачник може да им помогне на членовите на семејствата подобро да ги разберат децата и младите со аутистичен спектар на нарушување.

„Покрај тоа што е информативен, прирачникот е и многу едукативен  бидејќи содржи стратегии што можат да ја подобрат комуникацијата и интеракцијата со лицата со аутистичен спектар на нарушување“, рече Ѓоргиевска.

Според Ѓоргиевска, оваа публикација е и наш заеднички влог во подигањето на јавната свест за аутизмот.

„Наша должност, како општество, е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин  да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини “, истакна сопругата на претседателот додавајќи дека најтопло ја препорачува оваа публикација не само на членовите на семејствата кои живеат со аутизмот, туку и на целата македонска јавност.

На промоцијата се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче, шефицата на канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија, Афродита Шаља – Плавјанска, како и рецензентите и авторите на прирачникот.

Целта на промоцијата е подигнување на јавната свест за да се влијае врз промената на ставовите на луѓето кон лицата кои се различни, како и создавање на еднакви можности за сите преку помош на стручните лица за доедукација за развивање на современи третмани, помош на родителите за прилагодување на условите во домот, помош на училиштата за подобрување на условите и квалитетот на едукацијата на овие лица и создавање на услови за нивна квалитетна  инклузија во општеството.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...