Проштална средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

15 септември 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски  денеска на проштална средба го прими Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави  при што беше констатирано дека меѓу двете држави постои успешен развој на соработката во сите области од заемен интерес. Соговорниците истакнаа дека двете држави негуваат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог. Тие го реафирмираа интересот за дополнително интензивирање на економските односи и трговската размена, како и за соработката во областа на одбраната и безбедноста, образованието, културата и туризмот.

 

Претседателот Пендаровски подвлече дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Соговорниците заеднички се согласија дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и НАТО е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

Посакувајќи  му успех во натамошниот професионален ангажман на амбасадорот Ромео, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашниот негов ангажман во нашата држава  при што ја истакна успешната реализација на официјалната посета на Италијанската Република  што се реализираше во ноември 2019 година и изрази очекување за возвратна официјална посета на италијанскиот претседател на Република Северна Македонија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...