Проштална средба на претседателот Пендаровски со амбасадорката на Република Естонија, Кристи Карелсон

9 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими на проштална средба амбасадорката на Република Естонија за Република Северна Македонија, Кристи Карелсон.

На средбата беше изразено задоволството од одличните билатерални односи, што во континуитет ги негуваат двете пријателски држави, афирмирајќи го интересот за натамошно интензивирање на заедничката соработка, со фокус на економијата и трговската размена.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава посебно значење на развојот на пријателските односи со Република Естонија и во овој контекст, се заблагодари за досегашната континуирана поддршка за македонските евроинтеграции.

Соговорниците разговараа за руската агресија врз Украина и нејзиното влијание врз стабилноста и безбедноста на европскиот простор, како и влијанието врз економските состојби на контитнентот. Во таа насока беше потенцирано дека двете земји како членки на НАТО носат одлуки кои се во интерес на безбедноста на евро-атлантскиот простор. Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија дава поддршка, во рамки на своите можности на Украина. Дополнително, истакана тој земјава дава поддршка на европската интеграција на Украина, што неодамна и го нагласи претседателот Пендаровски упатувајќи писмо до претседателот Зеленски.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на амбасадорката Карелсон за посветениот ангажман и досегашните дипломатски активности во градењето на одличните релации меѓу двете држави, посакувајќи и натамошен успех на личен и на професинален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...