Симулација на седница на Совет за безбедност во организација на Претседателскиот центар за политичко образование

6 мај 2021 | Соопштенија

Студенти на катедрата по меѓународни односи на Филозофскиот факултет при УКИМ, денеска одржаа симулација на седница на Совет за безбедност, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, со поддршка од партнерската фондација „Фридрих Еберт“.

Во симулацијата учествуваа девет студенти и секој од нив беше во улога на член на Советот за безбедност.

Темата на дискусија беше „Заштита на животната средина и аерозагадувањето“, а двајца од студентите го претставуваа Министерот за животна средина и просторно планирање, и поранешениот директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше во симулацијата и ја водеше како редовна седница на Советот за безбедност.

„Целта на симулацијата е да се доближи работата на институциите кон младите кадри и практично да се запознаат со процедурите на функционирање на државните органи и тела“, порача претседателот Пендаровски.

Пред студентите, Претседателот ја образложи улогата на Советот за безбедност, неговиот состав и работа, додавајќи дека најчестите теми на Советот досега биле политичката и безбедносната состојба во државата.

„Бидејќи институциите работат за интересите на граѓаните, за прв пат на седница на Советот за безбедност разговаравме и за животната средина на која присуствуваа и претставници од невладиниот сектор. Здравствената криза, пандемијата, вакцините, лажните вести беа, исто така, теми на Советот за безбедност изминатиов период“, рече претседателот Пендаровски.

Во насока на автентично изведување на настанот, студентите добија материјали и информации и беа запознаени со одредбите на Законот за класифицирани информации и со безбедносните сертификати. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...