Сопругата на претседателот во поддршка на одбележување на Денот на ретки болести

28 февруари 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска учествуваше и се обрати на два настани по повод Денот на ретки болести, со цел подигање на јавната свест за предизвиците и потребите на лицата со ретки болести.

На настанот во организација на сите здруженија за ретки болести под капата на Националната Алијанса за ретки болести на Република Северна Македонија, г-а Ѓоргиевска  истакна дека лицата со ретки болести се соочуваат со заеднички предизвици и прашања меѓу кои се скапата дијагноза и терапија за статистички малиот број пациенти којашто придонесува тие да бидат речиси невидливи за системот при креирањето на јавните политики и планирањето на државните буџети во многу земји.

„Борејќи се за универзален и еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги со олеснет финансиски товар, вие не барате привилегии, туку правда. Наместо исклучок за ретките болести, вие барате никој да не биде исклучен од здравствениот систем, и со тоа придонесувате кон општото добро“, нагласи г-а Ѓоргиевска додавајќи дека сево ова ги прави партнери на државата, а добрите здравствени политики зависат од придонесот на здруженијата кои располагаат со потребните информации, знаења и искуства. Таа додаде дека непроценливата вредност на секој човек нѐ обврзува да ги третираме луѓето со ретка болест како еднакви граѓани со еднакви права и еднаков пристап за навремена и точна дијагноза, делотворна терапија и поддршка за лицата со ретка болест и нивните семејства.

Говорници на дискусијата беа и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,  Аспазија Софијанова, претседателка на Комисијата за ретки болести, Дијана Плашеска, претставничка на МАНУ, Ребека Јанковска, од Алијансата за ретки болести, Гордана Лолеска, од Кампањата за ретки болести и Јосиф Мишевски, пациент со ихтиоза. На настанот беа изложени и уметнички творби од пациенти, од деца и уметници за пациентите со ретки болести,  како и поштенски марки за ретки болести заедно со новата марка посветена на ихтиозата.

На настанот „Дали пациентите со ретки болести ќе останат без терапија?“ којшто се одржа во „Европска куќа“ во организација на младата европска амбасадорка Ирена Шуменковска, сопругата на претседателот ги истакна предизвиците со кои се соочуваат овие пациенти и потребата од универзална здравствена заштита и пристап до лекови еднаков за сите независно од цената на лековите. Таа додаде дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме како општество, со целосното завршување на националната стратегија, а уште повеќе со донесувањето на акцискиот план за тоа како ќе се спроведува националната стратегија ќе се постигне многу повеќе.

На настанот се обратија шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, д-р Никола Ѓоргиевски од ЈЗУ „Универзитетска клиника за нефрологија“, д-р Нора Абази од ЈЗУ „Клиника за детски болести“, д-р Даниел Јанкоски од ЈЗУ „Универзитетска клиника за дигестивна хирургија“, д-р Бојан Трајковски од ПЗУ „Медика Вера“ и д-р Анастасија Пешиќ од „Центар за информациона медицина“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...