Средба на експерти по право и уставно право во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

17 март 2020 | Соопштенија

Вечерва во Кабинетот на Претседателот се одржa средба на експерти по право и уставно право по барање на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба претходно во текот на денов, а со цел да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

На почетокот на состанокот, претседателот Пендаровски ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот ангажман. Универзитетските професори, проф. д-р Светомир Шкариќ, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, проф. д-р Рената Дескоска, проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Јетон Шасивари, доц. д-р Александар Љ. Спасов и доц. д-р Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април.

На средбата се дискутираше за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Северна Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови.

На средбата беа присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...