Средба на претседателот Пендаровски со словачката претседателка Чапутова

8 октомври 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по своето обраќање на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, во Братислава, попладнево во Претседателската Палата се сретна со Сузана Чапутова, претседателка на Словачката Република.

Претседателот Пендаровски истакна дека двете земји имаат добри билатерални односи, а словачкото искуство од процесот во пристапување во ЕУ ќе биде од помош за Северна Македонија во водењето на пристапните преговори. Како сојузнички во НАТО, претседателот Пендаровски изрази уверување дека ќе продолжи и досегашната добра соработка во одбраната и во безбедноста.

Во контекст на потребата од зајакнување на регионалната соработка, претседателот Пендаровски рече дека успешниот модел на земјите од Вишеградската група е исклучително корисен пример за земјите од Западен Балкан.

Двајцата соговорници на средбата разговараа за досега преземените активности поврзани со пандемијата на КОВИД-19, при што се согласија дека е неопходен заеднички одговор за полесно справување со здравствено-економските аспекти наметнати од овој глобален предизвик.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...