Средба на претседателот Пендаровски со претставници на граѓанската организација „Полио Плус”

22 октомври 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети граѓанската организација „Полио Плус“ и оствари средба со нејзини претставници.

На средбата, соговорниците ја отворија темата за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп. Kако што истакнаа, тие  ја промовираат ефективната и целосна имплементација на Конвенцијата преку активно и координирано вклучување на заедницата со хендикеп на национално и регионално ниво. Но, реакцијата на институциите, според „Полио плус” е на незадоволително ниво.

Во оваа насока, претседателот Пендаровски искажа очекување дека цели 9 години по ратификацијата на Конвенцијата крајно време е да се имплементираат нејзините одредби, особено кога станува збор за членовите 5 и 9, односно правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација.

Истовремено, претставниците на „Полио плус“ го информираа претседателот Пендаровски за начинот на распределба на финансиската поддршка од државата кон здруженијата на лица со хендикеп, која, како што рекоа тие, е неправедна. Образложувајќи дека според сегашната владина програма, средствата коишто се прибираат како процент од продажбата на игрите на среќа, се распределуваат само на 7-те Сојузи на здруженија, oд „Полио плус“ очекуваат проширување на таа програма, за да бидат опфатени и организациите на лица со хендикеп. И при распределба на средствата да се следат препораките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп, за што претседателот Пендаровски искажа целосна поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...