Средба на претседателот Пендаровски со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која

22 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата беа разменети мислења за севкупните состојби во Република Северна Македонија, како и за улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на државата. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката што организацијата ја дава за реформите во различни области, а во контекст на европската интеграција на земјата.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е целосно посветена на реформската агенда и очекува натамошна успешна соработка со ОБСЕ во реализацијата на активности во повеќе области од интерес на напредокот на државата, особено во областа на владеење на правото.

Претседателот Пендаровски посочи на улогата и придонесот на мисијата на ОБСЕ / ОДИХР во изборните процеси во изминатите години, вклучувајќи ги последните претседателски избори. Оцени дека со добро спроведените претседателски избори, државните институции покажаа зрелост и овозможија спроведување на изборниот процес согласно европските стандарди.

Амбасадорот Која упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и ја истакна натамошната подготвеност на ОБСЕ да соработува со институциите во Република Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...