Средба на претседателот Пендаровски со министерката за култура, Стефоска

6 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ја прими министерката за култура на Република Северна Македоника, Ирена Стефоска.

На средбата, министерката Стефоска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности и приоритети  на Министерството, за актуелната состојба во јавните установи од културата и потребата од институционални реформи со цел доследно спроведување на концептот на отворени институции.

Во таа насока, беа разгледани и можностите за реализација на нови иницијативи во културата и уметностa, со коишто ќе се воспостави мост помеѓу културното наследство и современите културни практики.

Соговорниците разменија мислења и за можните начини да се помогне на сите културни работници во справување со последниците предизвикани од пандемијата на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски од своја страна истакна дека од голема важност, и покрај сите предизвици, е да се одржи културната интеграција и духот на творештво и креативност, преку прилагодување на културните манифестации согласно новите правила кои ги наметна пандемијата.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за создавањето на независен културен простор и негово јакнење, преку спроведување на развојни културни политики, како и поддршка во унапредување на културната димпломатија, a со цел афирмација на културното наследство на нашата држава во регионот и пошироко.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...