Средба на претседателот Пендаровски со раководствата на компаниите учесници во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

20 јануари 2021 | Соопштенија

Во рамки на имплементација на проектот „Млади менаџери и бизнис-лидери“ на Советот на странски инвеститори, а под покровителство на Кабинетот на претседателот, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со раководствата на компаниите коишто учествуваат во проектот.

 

Истакнувајќи дека програмата ќе им овозможи на младите луѓе да стекнат конкурентни вештини и знаења коишто ќе ги одведат во нови професионални предизвици, претседателот Пендаровски на средбата ја реафирмираше поддршката за овој и за сите следни заеднички проекти коишто ќе придонесат за доусовршување на младите луѓе и коишто ќе ги мотивираат да останат во нашата земја.

„Покажавте висока свест и солидарност. Во најтешката година за бизнисот досега, покажувате и повисок степен на општествена одговорност. Особено, вредна за почит е Вашата одлука во овие особено тешки услови за работење и егзистирање, во своите компании да примите млади луѓе. Програмата е одлична можност за професионален нaпредок на секој амбициозен, млад човек“, им порача претседателот Пендаровски на претставниците на странските компании.

Во проектот се вклучија 8 компании – членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП, Рамстор Македонија и Макстил АД Скопје. Менаџерите на компаниите на денешната средба посочија дека преку проектот ќе се откријат талентирани млади луѓе, на коишто компаниите ќе им пренесат нови знаења.

„Фактот што интересот на компаниите е голем покажува дека програмата досега ја постигнува својата цел. На младите луѓе им даваме многу повеќе од пракса. Го зајакнуваме нивниот потенцијал и го зголемуваме најнеопходниот ресурс во земјата – човечкиот“, истакнаа на средбата претставниците на Советот за странски инвеститори.

Преку воспоставената соработка меѓу Кабинетот на претседателот и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, 20 млади луѓе ќе учествуваат на обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, а ќе имаат можност и да посетат различни сектори во рамки на компаниите коишто ги селектирал избраниот кандидат. Учесници во проектот ќе бидат дел од вебинари и ќе подготвуваат студија на случај. Практичната реализација на проектот започнува во понеделник. Годинава, поради пандемијата на Ковид-19, истиот ќе се одвива онлајн.

Право на учество во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ имаа млади луѓе не постари од 29 години, односно студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии, дипломирани студенти, студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите вклучени во оваа програма.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...