Средба на претседателот Пендаровски со претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија

12 март 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот, судиите и генералниот секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

На средбата, претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати информираше за прашањата коишто се од значење за остварувањето на уставната позиција на Уставниот суд, за кадровската екипираност на судот со стручни соработници, за тековните предизвици со кои се соочуваат, како и за постапките за заштита на слободите и правата на граѓаните.

На средбата беа разменети мислења за предизвиците со кои се соочија судиите при оценувањето на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба и уредбите со законска сила за време на вонредната состојба. Во таа насока, судиите ги споделија нивните размислувања и за најавениот Закон за вонредна состојба.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за независноста во работата на Уставниот суд и целосна подготвеност за соработка со нив, а во насока на изградба на нашата држава во модерна демократија, заснована на владеењето на правото и уставноста и законитоста во работата на институциите на јавната власт. Претседателот истакна дека, како и досега, така и во иднина ќе постапува исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, во согласност со уставните одредби и почитувајќи го Уставот на Република Северна Македонија.

Соговорниците споделија информации и околу предлогот за воведување на т.н. уставна жалба и проширувањето на надлежноста на Уставниот суд во заштитата на човековите права и слободи преку амандмани на Уставот, како и за евентуално носење на Закон за Уставен Суд.

На средбата беше потенцирана важноста на меѓународната соработка на Уставниот суд и размената на знаења и искуства со европските уставни судови, како и финансиската самостојност на Уставниот суд, како нужен предуслов за негово квалитетно работење и развој.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...