Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Македонската банкарска асоцијација

30 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со претставници на Македонската банкарска асоцијација.

На средбата претставниците на Македонската банкарска асоцијација ја претставија работата на здружението, кое во себе обединува 15 банки и две штедилници и беа разменети мислења за актуелните состојби во банкарскиот систем во Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски посочи на потребата за зајакнување на правната сигурност, како еден од клучните предуслови за водење стабилен бизнис. Споредувајќи ја актуелната состојба во државата со состојбата од 2015 година, претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија од длабока политичка криза стигна до висока стабилизација и до период кога веќе говориме за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија за две до три недели и за полноправно членство во НАТО за неколку месеци.

Претседателот Пендаровски рече дека во делот на правната држава, три децении наназад не можеме да се пофалиме со висок стандард во таа област. Направен е исчекор, но сеуште има многу работа, посочи Претседателот, осврнувајќи се на последниот случај „Рекет“.

„Ова е тест во смисла дека не смее да се случи никакво евентуално вмешување на било кого од страна, дали од бизнис заедницата, дали од политичка страна, никакво вмешување за да се истера случајот до крај. И конечно да покажеме, после многу години независност, дека е возможно и кога се вмешани, по дефиниција по она што го знаеме до сега, високи интереси, големи пари, и луѓе кои биле на висока функција, како специјален јавен обвинител, што не е мала функција, да покажеме дека правосудниот систем во целина може да одреагира, да ја заврши постапката, според сите закони, како што треба, во сите инстанци. Инаку во спротивно не можете да ги убедите граѓаните дека има правна држава која важи за сите“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски посочи на потребата од вклучување на Македонската банкарска асоцијација во пристапните преговори со Европската унија, како најдобри познавачи на состојбите од нивната област. Без луѓе од реалниот сектор, рече Претседателот, ќе добиеме лоши и неприменливи решенија.

Претседателот Пендаровски порача дека нема да биде претседател кој ќе се затвори во кабинетот и кој ќе потпишува само укази, туку тој и неговиот Кабинет ќе бидат секогаш отворени за сугестии и предлози.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...