Средба на претседателот Пендаровски со Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роберт Бауер

21 август 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Вила Билјана во Охрид го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роберт Бауер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за процесите на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни операции и вежби, како и нејзиниот придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот и со мигрантската криза.

Соговорниците разменија мислења за соработката меѓу Северна Македонија и Холандија, при што констатираа дека членството во НАТО отвара нови можности за интензивирањето на воената и одбранбената соработка меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ги зајакнува односите со Холандија и во таа насока се заблагодари за долгогодишната отворена поддршка во помагање на македонското општество во реформите потребни за успешно заокружување на членството во НАТО и за преговорите за членство во ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...