Средба со претставници на Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“

3 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“.

Претставниците од Здружението „Музика сега“ го информираа претседателот Пендаровски за предизвиците и тешкотиите со коишто се соочуваат музичарите поради пандемијата на КОВИД-19. На средбата тие нагласија потреба од итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите и на музичките работници. Претставниците од ова здружение рекоа дека бараат средби со Комисијата за заразни болести на кои би се разгледувале тековните состојби и актуелни проблеми со кои се соочуваат членовите на ова здружение, но и другите здруженија од сродните области. Тие најавија дека ќе поднесат и предлог до Владата и до министерството за култура за организирање музички настани на територијата на целата држава со општински пари, а со цел децентрализација на културата, како и барање за поголема и поправична застапеност на македонските музичари во медиумите. Како итно барање, претставниците од Здружението ја истакнаа потребата од помош на семејствата каде двајцата сопружници работат во музичката област.

Претседателот Пендаровски посочи дека само преку одговорен пристап, исклучиво во согласност со актуелната состојба која подразбира стриктно почитување на здравствените протоколи, да се бараат и изнаоѓаат решенија за работата на засегнатите музичари и музички работници.

Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“ кое функционира од месец јули 2020 година и брои околу 2000 членови и приврзаници е формирано за исполнување на долгорочни планови, идеи и програми кои би придонеле кон целокупно подигање на културната и музичката сцена во Република Северна Македонија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...