Честитки до претседателот Пендаровски по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија

8 септември 2019 | Соопштенија

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, писма со честитки до претседателот Пендаровски испратија следниве шефови на држави.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во писмото со честитки до претседателот Пендаровски изразува желби за напредок на Република Северна Македонија и благосостојба на нејзините граѓани. „Уверен сум дека со заеднички напори ќе продолжиме да ја развиваме соработката на нашите две земји, во интерес на мирот и стабилноста во регионот и економска добробит на нашите народи“, пишува српскиот претседател во честитката по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Албанскиот претседател Илир Мета во честитката до претседателот Пендаровски изразува убеденост дека одличните меѓусоседски односи и соработка, кои постојат меѓу двете земји и народи и понатаму ќе се зацврстуваат во иднина. „Горди сме за исклучителниот придонес на Албaнците во Северна Македонија што го даваат за стабилноста и евроатлантската интегрaција на земјата. Убеден сум дека македонската заедница во нашата земја ќе продолжи да биде силен мост на пријателство и соработка меѓу нашите две земји и народи. Убеден сум дека нашите земји тесно ќе соработуваат во рамките на Северноатлантската алијанса, како и во заедничкиот пат кон ЕУ“, се вели во честитката од албанскиот претседател по повод независноста на Република Северна Македонија.

Стабилност, просперитет и многу успех на Република Северна Македонија и на сите нејзини граѓани во својата честитка посака Зузана Чапуткова, претседателка на Словачката Република. „Ме радува дека односите меѓу нашите земји се многу блиски и пријателски, за што сведочи и долгорочната политичка и практична поддршка на реформите и интеграциските амбиции на Вашата земја од страна на Словачката Република. Цврсто верувам дека наскоро напорите на Вашата земја ќе придонесат за отворање на преговори за пристапување во Европската унија“, стои во честитката испратена од претседателката на Словачката Република, Зузана Чапуткова.

И претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ули Маурер упати честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија. „Швајцарија е посветена на одржување на силни релации со Република Северна Македонија и очекуваме тие релации заеднички да ги надградиме“, се вели во честитката од претседателот на Швајцарската конфедерација Маурер.

По повод Денот на независноста, 8 Септември, писма со честитки до претседателот Пендаровски упатија и Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета  II и Кралот на Холандија, Вилем Александер, со желби за благосостојба, среќа и просперитет на граѓаните на Република Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...