Ѓоргиевска на Меѓународниот ден на жените и девојките научнички: Заедно треба да работиме на надминување на бариерите за девојките и жените во науката

11 февруари 2021 | Aктивности, Соопштенија

На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа тематска дебата  „Професионални и лични предизвици со коишто се соочуваат научничките во Република Северна Македонија“.

Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот рече дека одбележувањето на овој ден е можност за подигнување на јавната свест за потребата за зголемување на бројот на жени и девојки научнички. „Овозможувајќи им еднакви можности за образование на девојките ги поттикнуваме да не го напуштат образовниот процес и во иднина да бидат дел од науката“, нагласи Ѓоргиевска, додавајќи дека сите заедно треба да работат на надминување на бариерите за девојките и жените во науката.

„Повеќе жени во наука е важна тема и за Агендата 2030. До 2030 година земјите во светот треба да изградат отпорна инфраструктура, да промовираат инклузивна и одржлива индустријализација и да поттикнуваат иновација. Оваа цел не може да се оствари без еднакви можности за жените научнички и истражувачки. Нееднаквиот пристап на жените и девојките до СТЕМ- областите е кочничар за одржливиот развој. Со својот придонес, жените научнички можат да го забрзаат темпото и да помогнат да се надомести загубеното време во постигнување одржлив развој“, рече Ѓоргиевска.

Говорејќи дека во земјава бројот на научнички во одредени академски дисциплини е на повисоко ниво од многу други земји, Ѓоргиевска нагласи дека за подобри резултати, потребен е долгорочен ангажман преку инвестирање во образовен систем кој ќе нуди еднакви можности за сите. Треба да ги поттикнуваме девојките да бидат дел од науката, истакна таа додавајќи дека како општество потребно е да обезбедуваме механизми со кои ќе се поддржат жените да бидат дел од повеќе научни истражувања.

„Верувам дека со ангажман од државата, академската заедница и бизнис- заедницата, можеме да успееме. Да охрабруваме платформи, програми и инкубатори за жени и за девојки истражувачи во СТЕМ-областите. Да се стремиме кон општество и кон образовен систем што ќе ги охрабрува девојките да студираат во СТЕМ-области, и притоа да го дадат најдоброто од себе за да бидат позитивен пример не само за својата туку и за наредните генерации. Да бидеме катализатор на промени за подобро општество за секој од нас.“, истакна сопругата на претседателот, Ѓоргиевска.

Дискутирајќи за предизвиците од институционална природа, Елисабета Бајрами Ологу, предавач и раководител на Одделот за социјална работа и социјална политика на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја истакна потребата од истражувачки центри, како и поголема финансиска поддршка за докторантите од областа на истражувањето.

Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, вонреден професор на Природно-математички факултет говорејќи за родовата димензија во науката истакна дека девојчињата треба уште од мали да се охрабруваат да истражуваат. Според неа, културата на менторство треба да се издигне на многу повисоко ниво и како ментори на млади девојки во академска средина мора да бидат отворени во врска со предизвиците со кои се соочуваат жените во науката.

На хибридниот настан, учествуваа научнички кои дискутираа на повеќе теми осврнувајќи се на личните и професионалните предизвици со коишто се соочуваат, на влијанието на пандемијата Ковид-19 во нивната секојдневна работа, како и за вклученоста на научничките во високото образование и научната работа.

Тема на годинешниот виртуелен настан во Обединетите Нации за одбележување на 6-от  Меѓународен ден на жени и девојки научнички  е „Надвор од границите: еднаквост во науката за општеството“, со посебен фокус на вредноста на социјалните аспекти и културните димензии во науката, технологијата и иновациите за подобрување на програмите за одржлив развој.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...