Билатерални средби на претседателот Пендаровски со претседателот на Латвија, со премиерот на Хрватска и со шефот на Баварската државна канцеларија и државен министер за сојузни работи

15 февруари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Минхен, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерални средби со претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и со шефот на Баварската државна канцеларија и државен министер за сојузни работи, Флориан Херман.

На средбата со претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, претседателот Пендаровски оцени дека двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи, бележејќи позитивен тренд во развојот на соработката во повеќе сфери од општественото живеење. На средбата беа разменети мислења за состојбите во врска со членството на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО. Изразувајќи благодарност за брзата ратификација на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Латвискиот Парламент, претседателот Пендаровски се заблагодари и за досегашната латвиска поддршка за нашата европска интеграција и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. На средбата беше изразена подготвеност за подинамична секторска соработка, како и за постојано унапредување на договорната рамка меѓу двете земји. Соговорниците констатираа дека меѓу двете држави постои голем потенцијал за развој и зголемување на соработката во повеќе области од заеднички интерес.

На средбата со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, беше изразено задоволство од одличните и пријателски односи меѓу двете држави, коишто се без отворени прашања, како и од волјата за унапредување и интензивирање на билатералната соработка во областите од заеднички интерес, а особено во економската сфера. Претседателот Пендаровски се заблагодари и ги поздрави заложбите на Хрватска, како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија, за отворање на преговори на нашата држава пред Самитот во Загреб што треба да се одржи во мај годинава. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека предлогот на новата методологија за проширување, базирана на принципите на обезбедување стабилност, мир и просперитет во регионот ќе биде усвоена во месец март на Самитот во Брисел од страна на членките на ЕУ. На средбата, Претседателот го изрази нашиот интерес за отпочнување со операционализација на Договорот за евроатлантско партнерство меѓу Владите на Северна Македонија и Хрватска. Соговорниците разменија мислења и информации и за актуелните случувања во регионот.

На средбата со шефот на Баварската државна канцеларија и државен министер за сојузни работи, Флориан Херман, беше изразено задоволство од традиционално пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и германската сојузна држава Баварија. Двајцата соговорници го реафирмираа интересот за зајакнување и продлабочување на билатералната соработката во сите области од заемен интерес, пред се во економската сфера. Во тој контекст претседателот Пендаровски ја истакна важноста на заедничката комисија на Северна Македонија – Баварија, како исклучително важна алатка за унапредување на економската соработка, за искористување на искуствата и на големиот инвестициски потенцијал на една од најпросперитетните германски сојузни држави. Во контекст на европската интеграција на Северна Македонија, претседателот Пендаровски нагласи дека нашата држава во изминатиот период покажа политичка зрелост, инвестирајќи во својата европска перпектива, притоа изрази очекување дека со усвојувањето на новата методологија ќе се создадат услови за датум за почеток на пристапните преговори.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...