Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија предводена од заменикот генерален секретар, Тоше Зафиров, посебниот советник за национална безбедност, Блерим Кољали и посебниот советник за надворешна политика, Гоце Карајанов, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 148 години од неговото раѓање.