Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на одбележувањето на 30 Мај – Светскиот ден на мултипла склероза

30 мај 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај – Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.

Говорејќи за постојаната борба и неизвесност на пациентите со мултипла склероза, сопругата на претседателот истакна дека благодарение на усовршената терапија кај пациентите постои значително подобрување, но предизвиците и промените се постојано присутни и затоа покрај медицинскиот третман суштинска е и психолошката поддршка.

„Како општество, институционално, но и како индивидуи да придонесеме за благосостојбата на лицата со мултипла склероза.  Да ја потврдиме поддршката за унапредување на нивната здравствена состојба и секако подобрувањето на квалитетот на животот. Да ги охрабриме да истраат во секојдневната борба и да им се најдеме кога е најпотребно“, нагласи Ѓоргиевска.

Ѓоргиевска истакна дека им се восхитува на истрајноста, упорноста и оптимизмот на лицата со мултипла склероза бидејќи тие, и покрај болеста, ги извршуваат своите семејни и професионални обврски давајќи го најдоброто од себе.

„Да се инспирираме од нивниот пример и да го сакаме животот и да ги цениме работите што ги имаме. Со заеднички сили можеме да ги намалиме последиците и да создадеме пријателска средина за сите засегнати. Да делуваме системски, темелно, без импровизации и стихијни акции. Убедена сум дека солидарноста и заедничката надеж нема да траат само на светскиот ден ниту само во текот на месец мај, туку преку целата година“, порача сопругата на претседателот.

На настанот се обратија Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, директорката на секторот фармација во Фондот за здравствено осигурување, Кристина Христова и директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Иван Барбов.

Денешниот настан којшто се одвива под името „МС поврзувања“, е дел од глобалната кампања за подигање на свеста за мултипла склероза за да се обезбеди навремена и точна дијагноза, подобра терапија и подобар квалитет на живот за пациентите со мултипла склероза.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...