Одбележани 8 години од смртта на претседателот Глигоров

1 јануари 2020 | Средби

Делегација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше во состав д-р Александар Спасов, советник на претседателот, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и државната советничка Сузана Костадинова која беше и дел од кабинетот на претседателот Глигоров.

Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. Неговото лидерство и политичка мудрост беа од огромно значење за осамостојувањето на нашата држава по мирен пат, како и нејзиното меѓународно признавање.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ со планинарката Мира Симоновски од Делчево

Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ со планинарката Мира Симоновски од Делчево

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, ја посети планинарката Мира Симоновски од Делчево. Во разговор со претседателот Пендаровски, 74- годишната Симоновски ги...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 60-годишнината од Уставниот суд

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 60-годишнината од Уставниот суд

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченото отворање на Меѓународната конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, што по повод 60-годишнината од постоењето на Уставниот суд се...

Отворен Кабинет за ученици од скопското основно училиште „11 Октомври“ и од специјалното средно училиште „Света Марија“ од Романија

Отворен Кабинет за ученици од скопското основно училиште „11 Октомври“ и од специјалното средно училиште „Света Марија“ од Романија

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од скопското основно училиште „11 Октомври“ и ученици од средното училиште за лица со оштетен слух „Света Марија“ од Романија, коишто престојуваат во земјава како гости на...

Обраќање на г-а Ѓоргиевска на изложбата посветена на жените во општеството, културата и науката

Обраќање на г-а Ѓоргиевска на изложбата посветена на жените во општеството, културата и науката

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата „Калиопе Aвстрија и Северна Македонија, жените во општеството, културата и науката“ што се одржа во организација на амбасадата на Австрија во земјава, а во соработка...

Отворен Кабинет за основци од училиштата „Александар Македонски“, „Свети Кирил и Методиј“ и за деца од скопската градинка „Орце Николов“

Отворен Кабинет за основци од училиштата „Александар Македонски“, „Свети Кирил и Методиј“ и за деца од скопската градинка „Орце Николов“

Кабинетот на претседателот Пендаровски, денеска, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од скопските основни училишта „Александар Македонски“, и „Свети Кирил и Методиј“, како и деца од градинката „Орце Николов“, од Скопје. [gallery...