Порака на претседателот Пендаровски по повод Светскиот ден на бегалците

20 јуни 2023 | Соопштенија

Војните, тероризмот, социо-економската и финансиската нестабилност ги загрозуваат човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи. Милиони луѓе ширум светот се приморани да ги напуштат своите домови за да преживеат и во потрага по безбедност, подобар живот за нив, нивните семејства и заедници.

Нашата држава е потписничка на Конвенцијата од 1951 година и преку својата долгогодишна соработка со УНХЦР покажа солидарност со бегалците од многу конфликти во поновата историја. Од почетокот на војната во Украина прифативме бегалци при што на децата бегалци им се овозможува соодветна интеграција во образовниот систем, како и соодветна здравствена и социјална помош за ранливите категории, за лицата со попреченост, како и за студентите и новинарите.

Светскиот ден на бегалците нè потсетува дека тие имаат потреба да бидат заштитени, да ја имаат нашата поддршка и солидарност за да ги обноват своите животи. Во таа насока, би сакал да ја реафирмирам нашата цврста определба како држава да ги исполниме обврските од Глобалниот договор за бегалците, подготвен под покровителство на Обединетите нации, а кој обезбедува рамка за подобрување на светскиот одговор на потребите на бегалците. Добрата координација и соработката меѓу државите, заедничката одговорност и покажана хуманост, можат многу да помогнат во решавање на проблемот со бегалците. Северна Македонија, како и во сите досегашни кризи безрезервно ќе помага и ќе биде кредибилен и одговорен партнер.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...