Порака на претседателот Пендаровски по повод 50-годишниот јубилеј на фестивалот „Тетовски хорски одзиви“

25 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во пресрет на фестивалот „Тетовски хорски одзиви“  на којшто е покровител, оствари средба со неговите организатори на коишто им го честиташе 50-годишниот јубилеј. По повод јубилејот на овој фестивал  претседателот Пендаровски ја упати следната порака.

Почитувани вљубеници во хорската музика,

Фестивалите со долга традиција и континуитет се референтна точка што ѝ овозможува на секоја идна генерација критички да ја преиспитува наследената култура и на тој начин да ги разликува трајните вредности од минливите.

Денес прославуваме педесет години од фестивалот „Тетовски хорски одзиви”. Воспоставен во далечната 1973 година со цел да ја возобнови долгата традиција на хорско пеење кај нас, фестивалот прерасна во значајна манифестација не само за градот Тетово, туку и за македонската култура воопшто. Во изминатите пет децении, на „ТЕХО“ настапиле 400 хорски ансамбли со над 18 000 хористи кои испеале над 2 400 композиции, од кои многу ја доживеале својата праизведба токму на овој фестивал.

Низ годините, фестивалот стана автентична платформа за меѓународна промоција на македонските композитори, диригенти и хорови од кои многумина ја започнале својата кариера токму на „ТЕХО“.

Овој фестивал го промовира и македонскиот мултикултурен мозаик. Со помош на универзалниот јазик на музиката, „ТЕХО“ ги поврзува луѓето од различна етничка, јазична и верска припадност. Долгогодишната истрајност на организаторите во негувањето на световната и духовната хорска музика од различни културни традиции е навистина подвиг достоен за почит.

Фестивалот „ТЕХО“ не само што го издржа тестот на времето, туку и ја оправда целта на своето постоење и затоа ја заслужува нашата безрезервна поддршка.

Како покровител на овој голем јубилеј им благодарам на фестивалските организатори, предводени од проф. д-р Иван Зориќ, за нивната долгогодишна посветеност. Воедно, посакувам фестивалот да ве мотивира да продолжите да создавате култура што ќе ги отсликува  богатите слоеви на нашето македонско општество. Нека со секоја наредна деценија се пренесува и збогатува хорскиот одзив на генерациите.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...