Претседателот Пендаровски во разговор со солидарни граѓани: Вашата хуманост ќе биде раскажувана и на идните генерации

10 мај 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео врска поразговара со неколку поединци коишто со својот активизам, хуманост и солидарност помогнаа на многумина граѓани во екот на пандемијата на вирусот КОВИД-19.

„Вие секако се истакнувате според влијанието коешто го имате во средината во која живеете. Сакам да ви изразам огромна благодарност за тоа што го правевте до сега, се надевам ќе го правите и понатаму, бидејќи во ова време невреме многу малку од нашите сограѓани се решија да го направат тоа што вие го направивте. Навистина Ви благодарам. Сакам да Ве охрабрам. Имате голема поддршка од мене“, истакна претседателот Пендаровски во видео разговорот.

Претседателот Пендаровски го слушна искуството на д-р Александар Каревски, којшто заедно со неколкумина свои колеги на 3Д печатари изработуваат визири за заштита на вработените во здравствените установи. Нивната иницијатива за кратко време доби голем број на поддржувачи. Досега, како што рече д-р Каревски се дистрибуирани околу 8 илјади, а во текот на следната недела ќе бидат поделени уште 22 илјади визири за здравствените работници.

Претседателот Пендаровски исто така се запозна и со хуманоста на семејството Велески. Тие, периодот на изолација го користат за да изработуваат заштитни маски. Во разговор со претседателот Пендаровски, Марија Велеска од скопско Визбегово рече дека досега заедно со нејзиниот сопруг и ќерката изработиле над 5 илјади заштитни маски и користејќи ги социјалните медиуми маските ги поделиле без да наплаќаат за нив.

„Давајќи им храна на тие што не можат да си ја дозволат, јас се хранам самиот себе си“, отворено вели скопјанецот Али Февзи. Тој од сопствени средства купува храна и секој ден им помага на повеќе од 10 семејства. Вели дека го исполнува тоа што го прави, но истовремено Февзи испрати и апел до институциите – на семејствата и на поединците во социјален ризик да им помагаат во континуитет, а не само во период на криза.

За одбележување, како што рече претседателот Пендаровски е и гестот на иноваторите Ивица Поцков и Никола Глигоров. Тие се креатори на УВ-гард за дезинфекција од вируси и бактерии. Поттикнати од нивната хуманост, тие досега донирале 5 вакви уреди и тоа, на скопските клиники за инфективни болести и за пулмологија и алергологија, на ГОБ „8 Септември“, како и на болниците во Свети Николе и во Кавадарци. Како што рекоа во разговорот со претседателот Пендаровски, за донација подготвуваат уште 8 уреди за дезинфекција. Во видео разговорот Ивица и Никола го информираа претседателот Пендаровски дека уредот е со УВЦ-зраци и дека дезинфицира површини, воздух и какви било материјали.

Еден од соговорниците во видео разговорот беше и кавадарчанецот Борче Стаменов, којшто веќе 4 години поправа стари, нефункционални компјутери и потоа ги донира на деца чии семејства не можат да си ги дозволат. Досега, како што рече Борче израдувал околу 220 дечиња.

Во изминатиов период кога сме соочени со пандемијата на вирусот КОВИД-19 и кога физичката дистанца е еден од начините на заштита меѓу граѓаните, околу 60 извидници во неколку скопски општини помагаа во одржување на редот. Владимир Костовски од сојузот на извидници во разговорот посочи дека нивниот активизам е во служба на луѓето, а не во служба на маркетите или банките, бидејќи најважно е здравјето на нашите сограѓани.

„Вие правите исклучително важна работа. Вашиот ангажман во изминатите два месеци ќе биде раскажуван и на генерациите коишто ќе доаѓаат. Ова нема да ви биде заборавено. Барем кај мене, а се надевам и кај целиот наш народ Вие ќе бидете забележани како вистински јунаци на нашето време“, заклучи претседателот Пендаровски во разговорот со некокумина хумани и солидарни поединци и семејства.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...