Претседателот Пендаровски ги посети армиските единици ангажирани на јужната граница и транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

4 јули 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги посети припадниците на Армијата, ангажирани на јужната граница.

Пред претседателот Пендаровски беше презентирана моменталната безбедносна состојба, како и тактичките мерки и процедури кои ги спроведуваат армиските единици за спречување на нелегални минувања на јужната граница.

Претходно, претседателот Пендаровски го посети транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде во моментов се сместени триесетина мигранти. Претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната состојба во транзитниот центар.

„Од она што го слушнав на брифингот од надлежните старешини, и овде и во транзитниот центар, нема никакви индикатори дека бројката на илегални мигранти и бегалци се зголемува. Меѓутоа добро е што сме подготвени, и ако има зголемување на таа бројка, да ги пречекаме, се разбира низ процедура и низ соработка со меѓународната организација за миграции. Значи како што Република Северна Македонија беше една од најважните алки во тој синџир за време на големата бегалска криза на т.н. Балканска рута и како што добивме највисоки можни оценки, најдобри квалификации за пречекот и прифатот на тие бегалци, така сме и сега подготвени ако затреба да постапиме на сличен начин. Значи само можеме да ги пофалиме припадниците на нашата Армија и се разбира и припадниците на МВР кои работат овде веќе четврта година редовни ротации, во различни временски услови, со цел ние да бидеме безбедни, нашите граници да бидат безбедни. Притоа, се разбира секое илегално поминување да помине во рамките на меѓународните правила и прописи за државата да добие највисоки можни оценки, и од аспект на почитувањето на правото на тие луѓе кои имаат право да бидат прифатени и имаат право да бидат третирани на достоиствен начин“, изјави претседателот Пендаровски при посетата на армиските сили на јужната граница.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...