Претседателот Пендаровски на Самитот „Македонија 2025“: Најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието

3 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Самитот „Македонија 2025“ којшто за прв пат се одржува во хибриден формат и е посветен на состојбите во светот за време, и после глобалната здравствена и економска криза.

На панел дискусијата на тема „Претседателот и успешни млади: иновации и кодирање”, претседателот Пендаровски посочи дека се потребни структурни реформи во образовниот процес и инвестиции во истражување и развој, иновации и нови технологии, односно, да вложуваме во професиите на иднината.

„Ќе повторам една изрека којашто ја слушав и од моите наставници и професори, а тоа е дека најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието”, истакна претседателот Пендаровски.

Во оваа насока, како што потенцираше претседателот Пендаровски, Самитот ,,Македонија 2025″ е придонес кон зајакнување на партнерството меѓу државата, науката, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор.

Macedonia 2025 Summit

Како позитивни примери претседателот Пендаровски ги посочи проектите ,, Таленти денес, лидери утре”, претседателскиот центар за политичко образование, како и „Успешни млади“, чија цел е да ја поттикнат научната и истражувачката работа на младите и да го вреднуваат нивниот труд.

„Младите научници, инженери и иноватори се столбот на развојот на секое стопанство. И затоа треба да создадеме услови, младите професионалци да ги заземат своите места во образованието, во институциите и во компаниите”, истакна претседателот Пендаровски.

Во однос на иновативните проекти коишто без презентирани од талентирани ученици од основни и средни училишта, претседателот Пендаровски рече дека тие се иднината на нашата земја.

,,За да ги подготвиме младите за професиите на иднината, потребно е да инвестираме во модерно образование, а клучни специфики на она што се нарекува Образование 4.0. е стекнување со иновативни, креативни и технолошки вештини”, заклучи претседателот Пендаровски.

Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски, од круцијално значење е поддршката од државата. Во спротивно, истакна претседателот Пендаровски  ,,младите ќе немаат услови каде би ги развивале своите иновативни идеи”.

Со денешната дебата заврши деветтото издание на Самитот „Македонија 2025”, којшто служи како платформа за споделување на знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...