Претседателот Пендаровски се обрати на конференцијата „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“

22 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на конференцијата „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. На конференцијата се обрати и Анџела Прајс Агелер, амбасадорка на Соединетите американски држави во Република Северна Македонија.

Осврнувајќи се на меѓусебните односи претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија во САД секогаш гледа како на стратешки партнер. Земјава, како што истакна претседателот Пендаровски е една од неколкуте држави којашто со САД има потпишано Договор за стратешко партнерство. Во таа насока, додаде претседателот Пендаровски, националниот интерес на САД е Северна Македонија да остане во овие граници, да биде демократска и функционална, мултиетничка држава.

„Нашето партнерство со САД е засновано на јасни премиси, јасни вредности кои ги споделуваме. Нашите граѓани во огромен број, и Македонците и Албанците, бидејќи тука има разлика во перцепции, сепак не гледаат друг геополитички актер кој би требало да ја замени улогата кои сами ја имаат како модел на демократија на која се угледуваме“, истакна претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Говорејќи за влијанието на трети земји во државата, но и воопшто во регионот, претседателот Пендаровски подвлече дека истите не се закана за разнишување на партнерството на САД со Северна Македонија.

„Македонско-американското пријателство, стратешко пријателство е на добра основа и тука нема елементи кои можат да го загрозат до степен некој да размислува, следна Влада, следен Парламент, да размислуваат за фундаментална промена на стратешкиот курс на Македонија“, заклучи претседателот Пендаровски.

Според амбасадорката Агелер, нашата земја е несомнено побезбедна како членка на НАТО, има безбедносна гаранција од САД и од другите меѓународни партнери. Придонесот на Северна Македонија од приклучувањето во Алијансата, како што посочи амбасадорката Агелер е извонреден.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...