Претседателот Пендаровски ја посети компанијата „Алкалоид АД Скопје“

4 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети компанијата „Алкалоид АД Скопје“ , како и „Институтот за истражување и развој на Алкалоид – Фармацевтски корпоративен развој“, којшто се состои од лаборатории за развој, тестирања, како и производство на новите лекови.

При посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со генералниот директор, Живко Мукаетов, како и со Виктор Стојчевски, директор на финансии и член на управниот одбор на компанијата.

Раководството на компанијата го информираше претседателот Пендаровски за основната дејност, тековните активности, како и за остварените инвестиции во текот на оваа година. Како што истакна генералниот директор Мукаетов,  Aлкалоид е извозно ориентирана компанија и околу 65 % од производството го пласира на пазарите во речиси 30 земји во светот.  Во текот на 2020 година компанијата реализирала инвестиции од околу 20 милиони евра и 175 нови вработувања.

Истакнувајќи ја неколку децениската традиција во работењето и општествената одговорност на Алкалоид, претседателот Пендаровски при посетата искажа верување дека и во услови на пандемијата на Ковид 19, компанијата ќе продолжи да инвестира во научно-истражувачки активности, знаење и секако во човечки капитал.

Групацијата  Алкалоид  брои над 1.800 вработени луѓе во земјава и повеќе од 530 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Северна Македонија.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...