Претседателот Пендаровски ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ

15 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, во Пеќ ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад, каде оствари средба со командантот на командата, полковник Андреа Бертацo, како и со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои извршуваат задачи во рамки на мировната мисија.

На средбата со полковник Бертацо, претседателот Пендаровски беше информиран за севкупните активности на Регионалната команда на КФОР – Запад во поддршка на мирот и безбедноста во Република Косово.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилност на Косово и целиот регион.  Претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес, а во функција на исполнување на целите на мисијата.

Претседателот Пендаровски посочи дека со учеството на 65 припадници на Армијата на Република Северна Македонија во силите на КФОР, нашата држава како НАТО-членка дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

На средбата со припадниците на нашата армија, распоредени во Регионалната команда на КФОР – Запад, претседателот Пендаровски беше информиран за нивните тековни активности и извршувањето на работните задачи. Претседателот Пендаровски оддаде признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат сите поставени барања и задачи и рече дека Република Северна Македонија и натаму ќе продолжи да дава свој придонес во оваа мисија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...