Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „ Политичкиот дијалог за дебелина во земјите на Западен Балкан“

19 мај 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Политичкиот дијалог за дебелина во земјите на Западен Балкан“ што се одржа во Скопје, во организација на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека справувањето со зголемената телесна тежина денес е прашањe за скоро секоја земја, а кога ја третираме оваа тема потребно е да се фокусираме дали доволно зборуваме и ја подигаме јавната свест за навиките на потрошувачите и начинот на живот, пристапот до здравствена заштита, нивото на образование, моделите на производство на храна.

„Притоа, потребно е да преземеме одговорноста за тоа колку вложуваме во идните генерации, колку работиме со децата и младите да имаат здрави навики за исхрана, да спортуваат, да волонтираат, да бидат солидарни и да се дружат и конечно, колку како општество им даваме шанса да практикуваат животни стилови кои промовираат здравје“, рече Ѓоргиевска.

Поздравувајќи ја иницијативата на Светската здравствена организација за политички дијалог на клучните чинители од здравствениот сектор во Западен Балкан, Ѓоргиевска посочи дека истата претставува добра можност за создавање заеднички пристап со меѓусекторска соработка со вклучување на здравствените власти, за подигање на јавната свест,  градење на стратегија и партнерство меѓу државата, родителите, образовниот и граѓанскиот сектор и додаде дека истата ќе придонесе да се промовира здрав начин на живот, здрава и умерена исхрана за децата и што повеќе време надвор, а што помалку со телевизорите, компјутерите, таблетите, и смартфоните.

„Само на таков начин ќе градиме здрави генерации коишто се клучни за одржлива иднина“, порача сопругата на претседателот.

На настанот се обратија министерот за здравство, Беким Сали, како и претставници од Светската здравствена организација.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...