Видео порака од претседателот Пендаровски на Вториот меѓународен конгрес на медицински сестри

13 октомври 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на отворањето на Вториот меѓународен конгрес на медицински сестри, што се одржува од 13 до 15 октомври во Струга во организација на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Почитувани медицински сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри,

Почитувани членови на Здружението „За нас,

Дами и господа,

Иако не сум во можност лично да бидам дел од овој Втор меѓународен конгрес на медицински сестри, ви благодарам за поканата и за можноста да ви се обратам преку видео порака за да ви посакам успешна работа.

Најпрво, сакам да ја поздравам соработката што ја остварувате со професионалните здруженија од регионот и пошироко, што претставува  одлична можност за размена на знаења со вашите колеги и споделување на нови стручни достигнувања и практики, преку кои, уверен сум, придонесувате за унапредување на сестринството.

Здравствениот систем е еден од највиталните сегменти во секое општество, но, основата на квалитетната здравствена заштита, покрај инвестициите во опрема и техника, несомнено е инвестирањето во човечки ресурси – во квалитетни, професионални и стручни кадри.

Овој конгрес е можност за промовирање на сестринството, за улогата и важноста на медицинските сестри, важноста на здравјето на луѓето, како и можност за надградување на вашите знаења и стекнување на нови искуства, што е во крајна линија, од интерес за сите нас, за целото општество.

Дозволете да ви се заблагодарам за хуманиот и одговорен начин на работење до сега, како и за трудот што го вложувате, со цел, навремена и квалитетна грижа и нега на пациентите.

Пандемијата на Ковид-19 ја направи многу повидлива вашата професија, но, верувам дека во иднина поддршката што ќе ја добивате од институциите ќе биде многу поизразена и посилна, независно од тоа со какви предизвици ќе бидеме сите ние соочени.

Ви посакувам уште еден успешен конгрес, а на учесниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Швајцарија, им посакувам пријатен престој.

До гледање.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...