Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на одбележувањето на 10 март, Светски ден на бубрегот

10 март 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска се обрати на одбележувањето на 10 март, Светскиот ден на бубрегот кој се одбележува под мотото: „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите“.

Според Ѓоргиевска, со оглед на фактот дека еден од десет луѓе на светско ниво боледува од хронична бубрежна болест, клучно е спроведувањето на кампања и активности за зголемување на свесноста за оваа болест.

„Убедена сум дека можеме да влијаеме во борбата со бубрежните болести и да придонесеме за зголемување на грижата за здравјето на бубрезите кај нашата популација. Со тоа сите ќе придонесеме за подобрување на неповолната прогноза дека до 2040, бубрежните болести ќе бидат 5-ти најголем причинител за смртност во светот.  Затоа ќе повторам дека особено е значајно да не се штедат средства, ресурси, за да се намали негативната статистика поврзана со бубрежните заболувања“, рече Ѓоргиевска.

Според неа, колку порано се соочиме со бубрежните заболувања, толку ќе биде помала потребата од хоспитализации, интервенции, дијализа и трансплантации.

„Имајќи ја предвид долгата и тешка за сите нас, а особено истоштувачка по нашето здравство, пандемија со Ковид-19, свесни сме дека проблематиката со бубрежните заболувања, слично како и со многу други болести, дополнително се усложнува. Убедена сум дека со секогаш максималниот ангажман и професионализам на моите колеги нефролози, како и на останатите специјалисти, ситуацијата од ден на ден ќе се подобрува. Секако, и грижата и вниманието на нашите граѓани е потребна, затоа што секогаш е најдобро да се превенира и да се интервенира во почетната фаза“, рече Ѓоргиевска.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март во повеќе од 200 земји ширум светот. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свесноста кај граѓаните за важноста на бубрежните заболувања, нивната застапеност, можноста за превенција и навремено откривање, начините на лекување и соодветен третман на бубрежно болните лица да се достапни секаде и за секого.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....