Обраќање на претседателот Пендаровски на Третиот самит за демократија

20 март 2024 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на Третиот самит за демократија насловен „Демократија за идните генерации“ што се одржа виртуелно во организација на Република Кореја. Претседателот се обрати на лидерската сесија на тема „Инклузивни општества и поттикнување на младите“.

Ваши екселенции,

Драги колеги,

Почитувани учесници,

Најпрво, дозволете ми да му се заблагодарам на претседателот на Република Кореја за поканата да учествувам на Третиот самит за демократија и да се обратам на денешната сесија којашто таргетира една исклучително важна тема, што верувам дека е меѓу приоритетите на секој од нас како лидери.

За да имаме инклузивни и праведни општества, мора да создадеме услови за секој поединец, независно од неговата етничка припадност, пол, сексуална ориентација, вероисповед, општествена положба, политичка определба, физички или интелектуален статус, да може соодветно да се интегрира, да се вклучи и рамноправно да учествува во сите сегменти на општеството и да биде прифатен во целост од заедницата.

За таа цел, неопходно е да продолжиме со подигање на јавната свест, рушење на предрасудите и стереотипите, унапредување на политиките и законската регулатива за спречување и заштита од дискриминација, и да обезбедиме постојана институционална поддршка. Само така ќе создадеме инклузивни средини, во кои знаењето, вештините и интегритетот на личноста ќе бидат пресудни за успехот.

Особено сум горд што на моја иницијатива како претседател беше усвоена Стратешката рамка за развој „МКД 2030” во која, меѓу четирите развојни области на кои се фокусира Северна Македонија, се токму младите и инклузивниот раст.

За да ги поттикнеме младите иднината да ја градат во сопствената држава, да бидат носители на позитивните промени, ќе продолжиме да инвестираме во нивното образование, да го поттикнуваме младинскиот активизам и да ги вклучиме во креирањето на политиките. Современото и инклузивно образование е каналот за социјална мобилност, што ќе им помогне на младите да имаат подобар живот од оној на нивните родители.

Ако колективно не се посветиме на зачувување на демократските вредности, ризикуваме младите луѓе да станат жртви на авторитарни и популистички идеологии, кои во последно време наоѓаат плодна почва дури и во високо развиените општества.

Уверен сум дека наша заедничка цел е идните генерации да живеат во општества во кои различностите ќе бидат влог во напредокот, а не основа за поделби.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...